Насловна
За Нас
Услуги
Совети
Локација
Контакт
 
 

We Accept

Learn about tourism in Macedonia Learn about the historical heritage of Macedonia Listen to Macedonian music The International Film Festival - Manaki Brothers Photos of the beautiful Macedonian scenery

 
  Македонски English Francaise  
Медицински туризам
   
Што е тоа Медицински туризам?
Медицински туризам е интернационален тренд кој многу луѓе го практикуваат преку комбинирање на годишен одмор и користење на здравствени услуги во земјите во кои патуваат.

Најважна причина за глобално развој на Медико туризмот е енормните разлики во цените за здравствените услуги. Таквите услуги на клиниките во Полска, Чешка, Унгарија и други држави во Централна и Југо-Источна Европаможат да достигнат пониски цени за 60-80% од тие во Англија, Германија, Шведска, Франција или Америка.

Посетителите можат да очекуваат одмаралишта кои имаат уникатен и природен начин за лечење, професионален медицински персонал, високи стандарди на здравствените услуги,  најсовремената опрема и сето тоа по доста ниски цени.
Како се организира?
Соработуваме со еминентни патнички агенции кои ќе ви обезбедат вам, на вашето семејство и пријатели да добијат совршено организирана посета на Македонија, вклучувајќи и комплетна услуга во нашата Приватна Стоматолошка Клиника. Нашите соработници имаат пријателски и пријатен приемен персонал и туристички водичи кои ќе се грижат за вашите потреби од моментот штом ќе пристигнете. Ние обезбедуваме се, од план за патување, сместување, осигурување, комплетен менаџирање на вашите посети низ Македонија, комплетен дентален план, флексибилни методи на плаќање и моментот на заминување. Се што треба да направите е да се појавите.

Нашиот персонал е составен од стручњаци за Стоматолошка практика. Ги користиме сите најсовремени методи на дентална хирургија, дентална козметика и уште многу други услуги. Нашиот персонал ќе ви помогне да ги одберете соодветните услуги за вашите потреби иа да се подготви ваш дентален план. Откога ќе завршите со посетата на прекрасната архитектура, природа, уметнички фестивали, кујна, авантуристички локации и т.н. и откога во нашата клиника ја добиете најубавата здрава насмевка, вие си одите дома, но сеуште останувате наш клиент во период од една година. По првата посета на Македонија и Денто Медикал, можете да комуницирате со нашиот персонал преку интернет или телефон, да се консултирате, да го проверите вашиот дентален план и доколку е потребно да не посетите повторно. Ние гарантираме за квалитетот на нашите услуги!

Ние разбираме дека самата помисла да патувате во некоај странска земја може да делува страшна. “Дали докторите се квалификувани?“, “Дали клиниките се безбедни?“ “Дали хранта е вкусна?“... За да ви помогнеме да се одлучите Приватната Стоматолошка Клиника “Денто Медикал“ во Јануари 2007ма имплементира ИСО 9001-2000 стандард за менаџирање со квалитет, овозможено од IQNET (International Certification Network) и SIQ (Словенија). Ја имаме најсовремената технологија и високо квалитетни материјали за работа, нашиот персонал е адекватно едуциран и специјализиран. Контактирајте не за понатамошни детали.

Дозволете професионалци да се грижат за вашата насмевка!