Насловна
За Нас
Услуги
Совети
Локација
Контакт
 
 

We Accept

Learn about tourism in Macedonia Learn about the historical heritage of Macedonia Listen to Macedonian music The International Film Festival - Manaki Brothers Photos of the beautiful Macedonian scenery

 
  Македонски English Francaise  
За нас
   
Цел на ДЕНТО МЕДИКАЛ
Основната цел на Денто-Медикал е преку препознатлив квалитет на улугите да ги обезбеди, барањата, очекувањата и потребите  на клиентите.
Успешното фукционирање и развојот на Денто-Медикал се темели на задоволување  на:
  1. Меѓународните стандарди и регулативи за квалитетот на услугите (ИСО)
  2. Барањата и очекувањата на клиентите за стоматолошките услуги
  3. Различните методи на плаќање за погодност на клиентите
Барањата и очекувањато на клиентите, како и високиот квалитет на понудените услуги Денто-Медикал  ги поставува  за основна професионална полиса.
Реализирањето на работните процеси , услугите и управувањето со квалитетот, нашата Стоматолошка Клиника ги извршува со помош на стручен, едуциран  и компетентен персонал, но и во соработка со надворешен вискостручен персонал од областа на стоматологијата.
Определбата за реализација на услугите е водена од разбирањето, дека сите работни процеси мора да се извршат со почитување на тоа што е договорено со клиентот, со имплементација на високи стандарди и почитување на регулативите за квалитет.
Со цел да се достигнат овие предуслови Денто-Медикал на почетокот од 2007-ма успешно го имлементираше ИСО 9001-2000 стандард за квалитет со надворешно ангажирана фирма за ИСО сертифицирање од Р. Словенија (SIQ), а според регулативите на Меѓунардоната Мрежа за Сертификација (IQNET).
Политика за квалитет
  • Политиката  за квалитет на Денто-Медикал се темели на континуирано подобрување на квалитетот на услугите во согласност со очекувањата на клиентите, законските барања и светските трендови во медицината.
  • Идентификување и разбирање на тековните и идните потреби на клиентите, со цел  тие да се задоволат и надминат, а со тоа да се придонесе за значително подобрување на нивното здравје.
  • Мотивирање на вработените со дополнително стручно оспособување, едукација и активно ангажирање.
  • Активно учество и членство  во Стоматолошката Комора и во Здружението на приватните стоматолози  на Р.Македонија за стекнување нови знења и следење на новите трендови во областа на Стоматологијата.
  • Перманенто, подобрување и унапредување на системот  за управување со квлитетот  во Денто-Медикал согласно барањара на стандардот ИСО 9001-2001
  • Заштита на работната и на животнат средина и чување на ресурсите и инвестиците на најдобар можен начин.
  • Континуирана соработка со добавувачите и исполување на утврдениот стандарден квалитет за користените материјали.
Мото
ПОВЕЌЕ ОД 12 ГОДИНИ РАБОТНО ИСКУСТВО ДЕНТО МЕДИКАЛ Е СИНОНИМ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, БЕСПРЕКОРНОСТ И БРЗИНА, СТРУЧНОСТ, ДОВЕРБА И ЕТУЗИЈАЗАМ ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА УСЛУГИТЕ
Д-р на Стоматологија Среќко Вуловски
Ординацијата ДЕНТО МЕДИКАЛ  е основана од страна на Др. на Стоматологија Среќко Вуловски, при што е пренесено претходното 12 годишно работно искуство од ординацијата “Бранко Марчетиќ“ во која е носител на целокупната одговорност - квалитет, ефикасност, доследност, принципиелност и гаранција за квалитетот на изработката како и за здоволството на пацинетите.

Тековно обезбедувајќи инфраструктура, работни  материјални и ресурси, како и современа технологија за извршување на тековните активности, во 2006 година се започнува со активна  работа во новата здравствената установа Денто-Медикал.